Затоа ли се врати? Груби скроил своја „црна листа“: Кои 5 лица се на врвот?

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој неодамна се врати во земјава по 14-месечно бегство, по што замина во куќен притвот за предмет поврзан со Државна лотарија, долго време правел обиди да направи политички договор за камбек во државава, објави неделникот „Фокус“.

 Според нашите сознанија, уште по политичките промени, прво лидерот на ДУИ Али Ахмети направил обид по политички пат да му обезбеди на Груби подобар терен за правна битка, но тогаш бил категорично одбиен од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Но, дали нешто се промени во меѓувреме?

Како што велат блиски луѓе на Груби, тој со тешко срце заминал и тешко издржувал далеку од неговиот дом. Затоа, подолго време се обидувал по разни политички, но и семејни канали да направи договор за негово враќање, кои со текот на времето се засилувале поради повеќе причини – сакал да се врати кај семејството, се чувствувал заборавен од Мала Речица, бил мета на закани… пишува Фокус.
Ако сето тоа го навело Груби да бара и обезбеди враќање под поволни услови (куќен притвор), тогаш што е она што може да го даде за возврат? Како што вели претставник на власта, Груби навестил дека ќе проговори и ќе каже сè што знае за повеќе поранешни сопартијци во партијата и во владата.
Истиот извор вели човекот што се наоѓа на „црна листа“ на САД, составил своја „црна листа“, каде што 5 лица биле во преден план – актуелниот пратеник Блерим Беџети, поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот шеф на дипломатијата Бујар Османи, поранешниот генерален секретар на СДСМ Миле Зечевиќ и братот на експремиерот Зоран Заев – Вице Заев.
Случајно или не, токму овие и некои други имиња, поврзани со поранешната влада на СДСМ и ДУИ, деновиве беа споменувани од страна на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои, меѓу другото, тврдеа дека опозицијата стравува од тоа што би го изнел Груби пред обвинителството, што ќе детерминира кој би седнал до него на обвинителната клупа.
–(Венко) Филипче,(Зоран) Заев,(Миле) Зечевиќ,(Оливер) Спасовски и останатиот дел поранешни функционери на СДС, се фатени во голема паника и хистерија од можните искази во обвинителството на Груби. Во СДС се свесни што сè може да каже Груби, па затоа и го бранат неговиот криминал. Ако Груби прозбори, голем дел од поранешните функционери на СДС ќе треба да седнат на обвинителна клупа – рече Бране Петрушевски, кој во една друга пригода во истиот контекст го спомена и Вице Заев. …..
Извор: Фокус

Пронајдете не на следниве мрежи: