Во пожар во пречистителна станица во кочанско горела инсталација со метан

Синоќа избувнал пожар во Пречистителната станица за отпадни води во кочанското село Мојанци. Горела инсталација од системот за пренос на метан, а благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е пожарот да се прошири во делот каде се чувал метанот.
Интервенирано е со четири возила и осум пожарникари, а пожарот бил пријавен околу 20:30 часот.
– Пожарот од наша страна брзо е локализиран и изгаснат. Беше запален и зафатен дел од прочистувањето на метанот, но сега веќе нема опасност. Фабриката продолжува да работи, вели командирот на кочанската Противпожарна единица Драган Апостолов.

Пронајдете не на следниве мрежи: