Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани

   Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани ќе се одржи денеска во Скопје. На конференцијата ќе учествуваат високи државни претставници, меѓународни експерти и водечки медицински професионалци од регионот и Европа. 

Воведните обраќања на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се закажани за 09:30 часот DoubleTree by Hilton. Потоа следува краток комеморативен момент посветен на жртвите и последиците од трагедијата.
Темата на првиот панел насловен „Европскиот механизам за цивилна заштита и меѓународниот одговор“ ,вториот панел „Национален и меѓународен здравствен одговор и акутен третман на изгореници“ се фокусира на медицинскиот одговор, тријажата, ургентните постапки и сложените третмани за изгореници а мултидисциплинарниот пристап, рехабилитација и опоравување ќе бидат во фокусот на третата панел дискусија.
Панелот „Од искуство до решенија – улогата на заедницата и институциите“ започнува со видео пораки од пациенти и продолжува со дискусија за институционалното учење, хуманитарната поддршка и потребата од системски реформи.

Пронајдете не на следниве мрежи: