Пoкажавме дека и покрај притисоците можеме затоа што без работиници нема власт, рече Трендафилов на почеток на протeстот, koj тргна од пред зградата на ССМ
ПОворката од незадоволни работници кои бараат поголема плат се движи кон Собранието , Стопанската комора и со цел пред Владата на Македонија
Добро утро, ние денеска се бориме за Вашите плати, што ќе правите Вие?, праша Трендафилов во пресрет на протестот
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, претходно појасни дека одлуката за излегување на улица е резултат на континуираното игнорирање на нивните барања. Синдикатот категорично го отфрла предвиденото законско усогласување на минималната плата од само 1.667 денари, посочувајќи дека таа сума не е доволна ниту да ја покрие зголемената вредност на синдикалната потрошувачка кошничка.
Како дополнителен аргумент за неопходноста од повисоки примања, од ССМ посочуваат на алармантните податоци од Управата за јавни приходи (УЈП), според кои дури една третина од вработените во државата земаат плата пониска од 30.000 денари. Пронајдете не на следниве мрежи:


