Лидерот на Хезболах, Наим Касем, вели дека израелските закани дека ќе го убијат се безвредни и дека групата е подготвена за долготрајна конфронтација со Израел сè додека трае војната.
„Израел ќе биде изненаден на бојното поле“, рече Касем.
Тој додаде дека не се плаши од заканите од непријателот. Борбата со Израел ја нарече егзистенцијална.
„Дадовме многу можности за политички решенија, но израелската агресија не запре“, истакна тој.
Учеството на Хезболах, рече тој, во овој момент има за цел да ја ослабне позицијата на Израел со цел да се постигне подобар договор.
„Нема решение освен отпор, во спротивно Либан ќе се соочи со истребување“, заклучи тој.
The post Лидерот на Хезболах: Заканите на Израел дека ќе ме убие се безвредни appeared first on Во Центар.



