Косово планира да издвои една милијарда долари за одбрана во следните четири години

Косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедончи учествува на саемот за одбранбена индустрија BEDEX 2026 во Брисел, на кој објави дека во следните четири години ќе бидат инвестирани една милијарда евра во Косовските безбедносни сили.

За време на саемот BEDEX 2026 во Брисел, косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедончи одржа серија средби со високи функционери и претставници на одбранбената индустрија. Меѓу соговорниците беше и началникот на одбраната на вооружените сили на Белгија, Фредерик Вансина, со кого разговараше за зајакнување на соработката во областа на безбедноста и одбраната.

Министерот нагласи дека Министерството за одбрана на Косово е посветено на забрзување на модернизацијата на одбранбените капацитети преку стратешки инвестиции. Според него, во следните четири години се планирани инвестиции од повеќе од една милијарда евра во развојот на армијата, што вклучува подобрување на борбените капацитети, изградба на нова одбранбена инфраструктура и поддршка за развој на локалната индустрија.

„Во контекст на новата безбедносна средина во Европа, Косово се стреми да придонесе за зајакнување на сопствената национална одбрана, но и за регионалната и евроатлантската безбедност преку продлабочување на соработката со меѓународните партнери и сојузници“, рече Маќедончи.

На маргините на саемот, беа одржани и средби со компании од одбранбената индустрија, со цел да се разгледаат можностите за снабдување на косовската армија со модерни воени системи и опрема. Паралелно, беа анализирани потенцијалите за копродукција и инвестиции во развојот на домашната одбранбена индустрија.
The post Косово планира да издвои една милијарда долари за одбрана во следните четири години appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: