Меган му го „испрала мозокот“? Најновата биографија на принцот Хари предизвика хаос во кралското семејство

Најновата биографија на принцот Хари, во која се содржани наводните зборови на кралицата Камила дека неговата сопруга Меган му го „перела мозокот“, неговиот портпарол ја опиша како „пореметен заговор“.

Хари и Меган се дистанцираа од кралското семејство откако се повлекоа од официјалните должности во 2020 година и се преселија во Калифорнија, но тие продолжуваат да привлекуваат голем интерес, како во Велика Британија, така и во странство.

Во извадоци од неговата нова книга објавена во „Тајмс“, авторот Том Бауер, кој има напишано бројни биографии за кралското семејство, рече дека двојката почнала да се кара со други членови на кралското семејство кратко време по нивната гламурозна венчавка во 2018 година, објави Ројтерс.

Се вели дека војводата и војвотката од Сасекс сега едвај разговараат со другите членови на кралското семејство, а Хари ретко го гледал својот татко, кралот Чарлс, во последниве години. 

Бауер, исто така, напиша дека постариот брат на Хари, Вилијам, и неговата сопруга Кејт биле вознемирени од влијанието на Меган врз него и ја сметале за закана.

„Меган му го испра мозокот на Хари“, му рекла таа на пријателка на Камила, маќеата на принцот, вели авторката во книгата.

Во биографијата, исто така, се вели дека Хари бил шокиран од падот на неговиот чичко Ендру Маунтбатен-Виндзор, кој ги изгубил сите титули и бил исфрлен од домот поради неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.

Портпаролот на Хари и Меган изјави дека обвинувањата на Бауер „одамна ја преминале границата и од критика се претвориле во фиксација“.

„Оние кои се заинтересирани за фактите ќе ги бараат на друго место, а оние кои бараат пореметени заговори и мелодрами знаат точно каде да ги најдат“, рече портпаролот во соопштението.

Бакингемската палата одби да ги коментира овие обвинувања, а досега ниту принцот Вилијам ниту принцезата Кејт не дадоа коментар.
The post Меган му го „испрала мозокот“? Најновата биографија на принцот Хари предизвика хаос во кралското семејство appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: