Во видеото, кое е снимено во кафуле, Нетанјаху нарачува кафе и вели: „Умрев… за кафе“ , користејќи вообичаена хебрејска фраза што нагласува дека некој многу сака нешто, објаснува „Тајмс оф Израел“.
– Го сакам мојот народ до смрт – додаде израелскиот премиер, нагласувајќи дека е горд на начинот на кој граѓаните се однесуваат во сегашната ситуација.
Netanyahu says he is still alive.pic.twitter.com/nzNv5fpgB4— Clash Report (@clashreport) March 15, 2026
Нетанјаху ги крена двете раце во видеото за да покаже дека ги има сите десет прсти , откако се појавија гласини дека неговата прес-конференција во четвртокот всушност била видео генерирано од вештачка интелигенција.
Некои профили на социјалните мрежи тврдеа дека видеото покажува како Нетанјаху има шест прсти на едната рака .
Во своето обраќање, израелскиот премиер ги повика граѓаните да излезат од своите домови и да дишат свеж воздух, но да останат во близина на засолништата. Тој исто така вети дека владата, колку што е можно повеќе, ќе ги ублажи ограничувањата за секојдневните активности на граѓаните.
САД и Израел го нападнаа Иран наутро на 28 февруари во, како што нарекоа, „превентивни напади“ што дојдоа по неуспехот на повеќе рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни одмазднички напади врз Израел и цели поврзани со САД низ регионот на Блискиот Исток.
The post „УМРАВ, АМА ЗА КАФЕ“: Нетанјаху се огласи по ГЛАСИНИ ЗА СМРТ, објави видео од кафетерија appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



