Од денеска почнува да функционира новата авио линија од Охридскиот аеродром до Братислава, а од 29 март и до Милано.
Новите авио линии, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, значат нови туристи во Охрид и нови можности за зајакнување на економијата.
– Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај, со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации. Остануваме силно посветена на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите центри, напиша Николоски на Фејсбук.


