Извршниот одбор на СДСМ денес донесе одлука и покрена постапка за исклучување на Петре Шилегов од членство во СДСМ.
„Шилегов е уценуван и работи за ВМРО-ДПМНЕ. Ја откривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетскиот сектор, од Адамовиќ до „Руднап“.
Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го уништат СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ толку многу падна што единствената опција што му преостанува е да се обиде да го собори СДСМ одвнатре.
„Сега на сите им е јасно дека ова е платформа за уништување на СДСМ“, се вели во соопштението на СДСМ во врска со одлуката.
The post СДСМ го исклучи Петре Шилегов од партијата appeared first on Во Центар.



