Филипче: Одлуката за Шилегов е донесена со консензус по направени проверки и информации

Лидерот на СДСМ тврди дека одлуката на иницирање постапка за исклучување на Петре Шилегов од партијата е донесена со консензус по направени проверки и информации по кои е заклучено дека станува збор за процес за одработување за ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска на прес-конференција Филипче рече дека секогаш се почитувало туѓото мислење во партијата и дека така ќе биде и во иднина, но дека тука не стаува збор за поинакво мислење, туку за одработување за ВМРО-ДПМНЕ.
– По сите наши проверки и информации, дојдовме до тој заклучок. Извршниот одбор ја донесе одлуката со консензус. Никој не гласаше против. Јас нема да дозволам луѓе да го делат СДСМ понатаму затоа што имаме работа со криминална и корумпирана власт, која ништо не може да направи за да го спречи падот на анкетите, кој е евидентен. Веројатно ги имате тие анкети, ваков пад на ВМРО-ДПМНЕ досега немало, а ние имаме раст, единствено нешто што може да прават е да ја делат партијата однатре и така да нè ситнат за да владеат онака како сакаат да владеат. Ние тоа нема да го дозволиме, рече Филипче.
Шилегов, кој беше градоначалник на Скопје во времето на СДСМ, најави одговор за денес.

Пронајдете не на следниве мрежи: