Шилегов му одговори на Филипче: Раководството на СДСМ одработува за ВМРО

Петре Шилегов, поранешен скопски градоначалник и член на СДСМ, му одговори на лидерот на партијата Венко Филипче откако Извршниот одбор на партијата донесе одлука за негово разрешување.
Шилегов денеска во изјава за медиумите, рече дека исклучувањето на член на СДСМ го извршува општинската организација во која тој член припаѓа.
– Ако го прочитале Статутот, ќе им биде јасно дека исклучувањето на член на СДСМ го извршува општинската организација во која тој член припаѓа, во која претседателот Филипче првпат влезе кога беше избран за претседател. За жал, во Извршниот одбор нема кој да го прочита. Ќе ја искористам можноста, ако веќе сака да спроведат такви иницијатива, да дојде во општината Карпош, таму ќе разговараме со членството, јас ќе се потрудам да има сериозно многу, и за моето исклучување, меѓутоа и за неговото заминување, рече Шилегов.
Рече дека сето она што го иманаправено за СДСМ нема да дозволи да го валка човек што нестатутарно е избран за претседател.
Според Шилегов, се потврдиле неговите ставови дека ова раководство на СДСМ целосно одработува во договор со ВМРО–ДПМНЕза да ги заштитат сопствените интереси, а не интересите на партијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: