Собранието денеска треба да ја одржи 94. седница, на чиј дневен ред се преостанати се уште три точки – Предлог за изборот на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка и Предлог на законот за изменување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за Автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на Автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка.
Собраниската Комисија за избори и именувања утврди предлог-листа од двајца кандидати за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија што го избира Собранието – Cejфула Османи, доктор на правни науки од Градец, Врапчиште и Apбер Исаку, дипломиран правник од Тетово.
Пронајдете не на следниве мрежи:


