Навивате аларм за 6 часот наутро? Еве што се случува со вашето тело ако се будите во ова време секој ден

Ако не спиете доволно или вашиот сон не е со добар квалитет, а се будите во 6 часот наутро, тоа може да има сериозни последици.

Експертот за спиење и држење на телото , Џејмс Линард, за „Метро“ изјави дека општоприфатеното верување е дека ни се потребни „магични осум часа сон“. Тоа всушност не е вистина.

„За повеќето луѓе, осум часа спиење се нереални. Дури ни еден од пет луѓе не успева да спие осум часа. Најважно е да се фокусирате на квалитетот на спиењето, а не на квантитетот. Ако спиете квалитетно, не треба да биде важно дали ќе се разбудите во 6 часот наутро или ќе спиете цели осум часа секоја вечер“, вели Џејмс.

Меѓутоа, ако постојано спиете малку, вашиот сон е со слаб квалитет и се будите во 6 часот наутро секој ден, вашето тело многу брзо ќе се исцрпи.

Д-р Анита Раџа наведува јасни знаци дека раните утра и секојдневното патување до работа сериозно му штетат на вашето здравје.

Ослабен имунитет

„Недостатокот на сон може да биде многу штетен за здравјето. Дали знаевте дека нашето тело произведува протеини наречени цитокини кои нè штитат од инфекции и болести? Недостатокот на сон значи и помала заштита преку цитокините, што нè прави поподложни на инфекции“, вели докторот.

Цитокините се сигнални протеини кои помагаат во контролата на воспалението во телото. Кога ќе дојдеме во контакт со бактерии или вируси, тие му овозможуваат на имунолошкиот систем да реагира, но нивниот вишок може да предизвика прекумерно воспаление и автоимуни заболувања.

Продуктивност и мотивација

„Лошиот сон предизвикува помеѓу 23 и 45 проценти од населението да изгуби повеќе од две работни недели продуктивност секоја година. Уморниот мозок е како уморен мускул – не може да издржи „маратон“ додека не се одмори доволно. Сонот му овозможува на мозокот да се „полни“ за следниот ден“, вели докторот.

Губење на меморијата

„Спиењето помага во консолидирање на спомените, што значи дека колку подобро спиеме, толку е поголема веројатноста да ги запомниме. Краткорочниот ефект од несоницата или лошиот сон е заборавеноста, бидејќи има мало опаѓање на когнитивните функции поради заморот на мозокот“, вели докторот.

Физичко здравје

Продолжениот недостаток на сон може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

„Имаме доволно податоци за да кажеме дека недостатокот на сон води до дебелина, дијабетес и кардиоваскуларни заболувања “, вели докторот.

Зошто се случува тоа? Бидејќи негативно влијае на метаболизмот на шеќерот (гликозата) во телото.

Расположение и ментално здравје

„Кога не спиеме добро, нашето ниво на енергија опаѓа, а нашата раздразливост се зголемува. Можеме да се разбудиме уморни, збунети и расположени, што влијае на нашите перформанси во училиште или на работа“, вели докторот.
The post Навивате аларм за 6 часот наутро? Еве што се случува со вашето тело ако се будите во ова време секој ден appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: