Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху свика итна прес-конференција за да извести за ситуацијата на фронтот, додека конфликтот со Иран продолжува да ескалира.
Нетанјаху го започна своето обраќање со порака до израелските граѓани во која изрази гордост за нивната упорност и храброст.
„Свесен сум дека престојот во безбедни соби и засолништа е тежок, но целиот свет разбира дека ние сме нација на лавови“, рече тој.
Според него, Израел во своите операции се стреми кон три клучни цели. Тоа се целосно уништување на иранската нуклеарна програма, целосно елиминирање на програмата за балистички ракети, како и создавање услови што ќе им овозможат на самите Иранци да ја земат својата судбина во свои раце.
„Ја уништивме нивната способност за збогатување ураниум, исто како и способноста за производство на балистички ракети“, продолжи израелскиот премиер.
Тој нагласи дека тие ги уништиле иранските капацитети „до степен што не можат да го постигнат она што го планирале“.
Тој тврди дека Иран сакал да сруши илјадници згради во Израел, но наместо тоа тие паѓаат низ целиот Либан и Иран.
„Ќе го промениме Блискиот Исток, ви го ветувам тоа. Иран е послаб од кога било досега, а Израел е посилен“, додаде тој.
Нетанјаху рече дека војната ќе трае „колку што е потребно“.
„Сè уште има работа што треба да се заврши и ние ќе ја завршиме. Ги доведовме нашите пријатели од САД во соработка каква што не е видена во историјата. Одличната соработка меѓу мене и мојот добар пријател Трамп е без преседан2“, рече тој.
The post Нетанјаху откри колку долго ќе трае војната во Иран: „Имаме три цели, ќе го промениме Блискиот Исток“ appeared first on Во Центар.



