Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста за примирје со Иран, тврдејќи дека САД имаат предност и би сакале решителен крај на војната.
„Па, гледајте, можеме да водиме дијалог, но знаете, не сакам примирје. Немате примирје кога буквално ја уништувате другата страна. Тие немаат морнарица. Немаат воздухопловни сили. Немаат никаква опрема. Немаат набљудувачи. Немаат воздушна одбрана. Немаат радар. А нивните лидери се убиени на секое ниво. Ние не сакаме да го правиме тоа“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, објави „Си-ен-ен“, пренесе „Танјуг“.
„Односите, според мене, се многу добри. Сакаме повеќе или помалку слични работи“, рече американскиот лидер.
Тој повтори дека верува оти САД ја „добиле“ војната со Иран.



