Димитриеска-Кочоска: Две милијарди евра треба да се вратат оваа година

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека во услови на глобална неизвесност, можни се одредени корекции во буџетските прогнози, но приоритет останува одржувањето на фискалната стабилност и заштитата на животниот стандард на граѓаните.

Таа посочи дека Министерството за финансии е фокусирано на одржување на буџетскиот дефицит во предвидените рамки, а средствата ќе бидат насочени кон клучните приоритети – редовната исплата на плати, пензии и социјална помош.

„Факт е дека оваа година треба да платиме обврски од над две милијарди евра и ова е нешто што мора да се направи на време. Како и секое семејство, кога земате кредит, без разлика дали е за домување или потрошувачка, мора да го вратите. Ако тоа не се направи, кредитниот рејтинг и финансиската стабилност се нарушени, и затоа воопшто не е опција да не се сервисираат обврските“, изјави Кочоска“.

Во оваа насока, беше нагласено дека дел од средствата се обезбедени преку рефинансирање, при што годинава е направен стратешки избор поголем дел од задолжувањето да биде од странство, со цел да се остави повеќе простор за домашните банки да даваат кредити на стопанството.
The post Димитриеска-Кочоска: Две милијарди евра треба да се вратат оваа година appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: