Интернетот гори: Алкохолот доаѓа од долната облека на ѕвездите од филмови за возрасни – цената е висока, а сите го сакаат (АНКЕТА)

Необична бизнис идеја од Велика Британија крена многу прашина кога Џорџ Најтингејл од Ексетер реши да направи алкохол на сосема необичен начин, користејќи ја гардеробата на возрасните ѕвезди.

Идејата е доста необична, користење на нивната износена долна облека како дел од процесот на производство.

Тој не користи ништо освен гардеробата што ја носеле моделите. Како што тврди, од едно парче може да направи до неколку стотици шишиња, кои се продаваат по висока цена.

Неговиот бренд се вика „Drink Me Spirits“, а самиот процес на производство е различен од класичниот, користи вакуумска дестилација, што овозможува обработка на чувствителни материјали на пониски температури.

Засега, тој работи со неколку модели кои се согласуваат да учествуваат во овој проект, а се претпоставува дека меѓу нивните обожаватели има и такви кои се подготвени да издвојат пари за таков производ.

Секое шише доаѓа со посебни ознаки, сериски број и придружен материјал, што му дава колекционерска вредност.

Креаторот на овој концепт истакнува дека сакал да спои два света наменети за возрасни, индустријата за алкохол и платформите за ексклузивна содржина. Идејата била развивана со месеци, сè додека не се претворила во конкретен производ.

Покрај стандардната понуда, компанијата овозможува и подготовка на пијалоци според желбите на клиентите, на пример, од нивниот личен гардеробер или облеката на блиска личност.

Според основачот, можностите се разновидни и зависат исклучиво од имагинацијата на клиентите.

На крајот, прашањето останува – дали би се одлучиле да пробате нешто необично како ова?
The post Интернетот гори: Алкохолот доаѓа од долната облека на ѕвездите од филмови за возрасни – цената е висока, а сите го сакаат (АНКЕТА) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: