Во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром, првиот заменик-премиер на Владата на Република Македонија, Беким Сали, го посети Основното училиште со Ресурсен центар „Иднина“, институција позната по својата посветеност и професионална поддршка на децата со посебни потреби.
За време на посетата, Сали нагласи дека ова искуство не е само институционално, туку и длабоко човечко.
Тој ја пофали позитивната атмосфера и посветеноста на персоналот, нагласувајќи ја важноста од градење инклузивно општество каде што секое дете има еднакви можности за развој.
„Секоја насмевка, секоја прегратка и секој чекор кон напредок е доказ за силата и потенцијалот што го имаат овие деца. Ним не им треба сожалување, туку можност и разбирање“, рече тој.
Вицепремиерот, исто така, ја нагласи одговорноста на институциите да гарантираат квалитетно образование, достоинство и почитување за сите деца, без дискриминација. Тој додаде дека посветеноста кон конкретни политики што ги поддржуваат семејствата и децата со посебни потреби ќе остане приоритет.
Како заклучок, Сали повика на континуиран општествен и институционален ангажман, нагласувајќи дека инклузијата и еднаквоста мора да бидат дел од секојдневниот живот, а не само симболични денови.
The post Сали: На луѓето со Даунов синдром не им е потребна сожалување, туку можност и разбирање appeared first on Во Центар.



