„Градежниот изведувач Бехтел и Енка, кој потпиша договор со претходната влада, продолжува да работи на изградбата на автопатите според утврдената динамика и сите државни даноци се платени во моментов. Зголемувањето на цените на горивата во овој момент нема да предизвика дополнителни трошоци“, нагласи вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
Тој објасни дека нема голем договор за градба каде што нема таканаречено лизгачко прилагодување на цената, каде што се поставени неколку клучни параметри.
„Ова секако може да биде негативно, на пример, во проектите што ги градат Бехтел и Енка и Синохидро, имавме намалувања на цените минатата година. Битуменот е една од главните состојки за производство на асфалт, а има и многу транспорт за време на изградбата на големи инфраструктурни проекти. Засега е стабилно, ако ова се заврши во следните 2-3 месеци, нема да имаме проблем, ако продолжи, секако дека ќе седнеме и ќе разговараме“, рече Николоски.
На прашањето што се променило во ставот кон договорот со Бехтел и Енка од периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, а сега кога е на власт, Никелоски директно одговори дека сега се работи, за разлика од кога на власт беа СДСМ и ДУИ, кога не беше поминат ниту еден пат.
Министерот исто така нагласи дека сите државни обврски кон конзорциумот во моментов се платени и за тоа има потврда од самата компанија.
The post Николоски: Зголемувањето на цените на горивата нема да предизвика дополнителни трошоци во инфраструктурните работи appeared first on Во Центар.



