Парфемот ја уништува тироидната жлезда: Докторот предупредува на опасноста – можете да го испрскате само на овие 3 места

Парфемот може да влијае на здравјето на тироидната жлезда ако се нанесе неправилно, особено кога се прска директно на вратот.

Експертот д-р Матео Басети предупредува дека овој тип на апликација може да го наруши функционирањето на тироидната жлезда, потенцијално влијаејќи на метаболизмот и хормоналната рамнотежа. Вратот , област блиску до тироидната жлезда, има потенка кожа и помала заштита, што го зголемува ризикот од негативни ефекти.

Според истражувањата, синтетичките мириси и фталатите во парфемите можат да ја нарушат хормоналната функција, а алкохолот во составот може да ја исуши кожата, правејќи ја поподложна на оштетување. Докторот советува нанесување парфем на други делови од телото, како што се зглобовите или внатрешните делови на лактите, за да се намали ризикот по здравјето, пишува „slobodenpecat “. 

Иако висококвалитетните парфеми обично не содржат штетни состојки, парфемите купени од несигурни извори, особено копии од познати брендови, може да содржат непознати и опасни супстанции. Претпазливоста е клучна, особено за луѓе со чувствителна кожа или постоечки проблеми со тироидната жлезда.
The post Парфемот ја уништува тироидната жлезда: Докторот предупредува на опасноста – можете да го испрскате само на овие 3 места appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: