Фрустрираното политичко лидерство на Тетово повторно преку инструиран маргинален држач на микрофон ,кој се мисли дека е новинар, постави евтино пропагандистичко прашање дали министерката носи преведувач….!?
Министерката за образование Весна Јаневска за време на посетата на Тетово беше прашана од новинар дали со неа донела преведувач, на што таа одговори: „Не“.
„Не ми треба. Не знам кому му треба преведувач за во Македонија да знае македонски јазик“, одговори Јаневска.
Министерката заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Тетово Билал Касами, присуствуваа на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово.
Ова е втор пат на Јаневска да ѝ биде сугерирано да има со себе преведувач. Минатиот пат, таа рече дека во Македонија има еден службен јазик и не треба да има преведувач.
Несомнено е дека станува збор за фрустрираното политичко лидерство на Тетово, кое повторно преку инструиран маргинален држач на микрофон ,кој се мисли дека е новинар, поставува евтино пропагандистичко прашање. Ова е тотално непрофесионално , за што изостанува реакција,и новинарка професија која е атакувана и се повеќе се става во функција на политичарите или тотална неписменост на тие кои поставуваат тој тип на прашања. Новинарствот е професија која е во интерес на јавноста, на граѓаните на вистинита информација, а никако во интерес на политичарите, партиите бизнис елитата , моќници и локални шерифи кои се обидуваат преку ваков тип на мегафони, да бидат присутни или уште повеќе да ги управуваат медиумите и узурпират медиумскиот простор.


