Премиерот Христијан Мицкоски, во интервју на ТВ Алфа, нагласи дека Република Македонија е една од првите земји во Европа што спроведува намалувања на данокот на горива, додавајќи дека не треба да се заборави дека оваа влада враќа 2,5 милијарди евра стари долгови од претходните влади.„Се обидувам, врз основа на информациите што ги имам и што ги добивам од институциите, да ги предвидам предизвиците и со моите предлози да излезам пред моите колеги во Владата да дебатираме и да изнајдеме решенија, а тие решенија треба да бидат насочени кон олеснување на животот на граѓаните во кризни услови, а не преку внесување дополнителна паника или параноја да им го отежнат животот, кој е веќе тежок, уште потежок“, изјави премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски додаде дека нема потреба да се станува шоумен во таква ситуација, туку владата треба да си ја заврши работата, да ги предвиди предизвиците и да изнајде решенија.„Ние, како единствена влада во регионот и една од ретките две или три во Европа, направивме чекор што е директно од буџетот со намалување на ДДВ-то, силен чекор иако пред тоа бевме свесни дека ова генерално ќе има фискални импликации што можеби ќе бидат товар за нас. Но, ова не е единствениот предизвик со кој се соочуваме оваа година. Ние, како влада, мора да вратиме 2,5 милијарди евра стари долгови што ги имаат направено претходните влади. Имаме колективни договори што мора да ги спроведеме за нашите колеги кои добиваат приходи од владата или владините институции, што значи зголемување на платите. Државниот завод за статистика објави дека во јануари повторно имавме зголемување од речиси 9% на платите во споредба со истиот месец минатата година. Значи, платите продолжуваат да се зголемуваат, иако имаше хистерија од опозицијата дека платите не се зголемуваат. Имаме криза во Персискиот Залив, имаме овие фискални мерки што директно подразбираат намалување на цената на горивата“, нагласи премиерот. Мицкоски.„Сите овие се сериозни предизвици со кои се соочуваме, од една страна притисоците за промена на Уставот, од друга страна безбедносните ризици што мора да ги предвидиме и да внимаваме на нив. Значи, сето ова како тема мора да се надмине, претпостави, предвиди и да се понудат решенија“, изјави премиерот Мицкоски.
The post Мицкоски: Меѓу првите во Европа сме што ги намаливме даноците на горивата и вративме 2,5 милијарди евра стари долгови appeared first on Во Центар.



