Филипче: СДСМ ја внесе Македонија во НАТО преку една од најбрзите процедури за членство во историјата на Алијансата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес преку социјалните мрежи испрати честитка по повод шестгодишнината од членството на Македонија во НАТО Алијансата. Тој нагласи дека влегувањето во најмоќниот воено-политички сојуз на 27 март 2020 година претставува историски момент и исполнување на клучен национален интерес.

Според Филипче, одговорните политики на претходната влада предводена од СДСМ овозможија брза постапка за пристапување.

„Со одговорни и државнички политики, СДСМ ја донесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите процедури за пристапување во историјата на Алијансата. Со тоа обезбедивме безбедност, стабилност и трајна заштита за земјата и сите наши граѓани“, нагласи Филипче во својот пост.

Тој додаде дека во време на актуелни глобални безбедносни ризици, стратешката важност на оваа одлука се гледа уште појасно, нагласувајќи дека денес зад безбедноста на земјата стои најмоќната алијанса во светот. 
The post Филипче: СДСМ ја внесе Македонија во НАТО преку една од најбрзите процедури за членство во историјата на Алијансата appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: