Над 30 проценти од населението има проблем со дебелината

Дебелината станува сериозен здравствен проблем кој е поврзан со над 200 коморбидитети. Посебно ги засега децата и адолесцентите, а статистичките податоци кај нас покажуваат дека преваленцата изнесува 30 до 35 проценти.
Во Охридската болница отворен е Центар за менаџирање на дебелината во југосточниот регион.
– Станува збор за сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети, вклучително кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и други состојби и затоа е посебно значаен мултисекторскиот одговор и подигнување на јавната свест за овој глобален предизвик, изјави министерот за здравство Азир Алиу на стручниот симпозиум во организација на научното здружение за обезност ОБЕМ
Зголемената телесна тежина има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас.

Пронајдете не на следниве мрежи: