По 2 години власт ВМРО ДПМНЕ во убедливо водство, а претседателот Христијан Мицковски е највиско од другите лидери на македонската политичка сцена.
Споре анкетата на МКД.мк и агенцијата Маркет вижн за рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, спроведено од 2 до 18 март, покажува дека граѓаните и натаму најголема доверба имаат во актуелната владеачка гарнитура., а понего се Али Ахмети, и Димитар Апасиев , , а Венко Филипче е на 5 место според ова сондирање на мислење.Анкетирањето е спроведено со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност, според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.
24 отсто од испитаниците, на прашањето за која политичка партија ќе гласате на следните избори, одговорија дека нивниот избор е ВМРО-ДПМНЕ.
Втора партија е Вреди со 5,1 отсто доверба, па СДСМ о 4,9%, ДУИ 4,8%, Левица 3,1%, ЗНАМ 2,1… 28,1 отсто од испитаниците одговорија дека нема да гласаат, а 9,7% – „не знам дали ќе гласам“.
Интерессно е што една пристојна бројка на испитаници близу 50 проценти или несака да каже или вели дека нема да гласа или не решиле.
Дали сте за влез на Македонија во ЕУ со статус на земја набљудувач, односно членка на ЕУ без право на вето? Повеќе од половина (52%) од испитаниците изјавиле дека се за влез на Македонија во ЕУ без право на вето.
На прашањето за тоа во која насока се движат работите во Македонија, 36,2 отсто од испитаниците одговориле дека наоката е правилна, а 46,9 отсто од нив сметаат дека се движиме во погрешна насока.
Анкетирањето беше спроведено од 2 – 18 март со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.


