Во дискотеката „Кис клуб“ во германскиот град Кел во покраината Баден-Виртемберг, синоќа избувна пожар кој ја зафати целата зграда, во време кога во неа имало околу 750 луѓе, соопшти локалната полиција. – Пожарот, кој избувна во танцовиот клуб околу 3:45 часот наутро, сега се прошири на целата зграда. Според првичните информации на операторот, во времето кога избувнал пожарот, во зградата имало околу 750 луѓе – според полициското соопштение, како што објави Билд.
Причината за пожарот сè уште не е позната.
Повеќето од учесниците на диско забавата ја напуштија зградата која беше зафатена од пожар додека пристигна противпожарната служба.
Засега нема информации за сериозни повреди, а три лица побарале медицинска помош.
– Kiss Club – е популарна дискотека со хип-хоп и афро музика во покраината Баден-Виртемберг на југозападот од Германија, а редовно ја посетуваат посетители од блискиот Стразбур во Франција.
The post ВНАТРЕ ИМАЛО 750 ЛУЃЕ: Пожар зафати познат клуб во Германија appeared first on Во Центар.



