Вооружени полицајци кои го обезбедуваат градоначалникот на Лондон, Садик Кан, оставиле торба со оружје пред неговата куќа откако една жена им го покажала, објавија медиумите.
Градежниот работник Џордан Грифитс за „Сан“ изјавил дека неговата девојка ја пронашла торбата на патот во јужен Лондон во вторник вечерта.
Во торбата имало полуавтоматска карабина „Хеклер и Кох МП5“, пиштол „Глок“, електрошок за зашеметување и муниција, објави весникот.
– Не можев да им верувам на очите – изјави Грифитс за „The Sun“.
Работникот се јавил во полиција и им кажал што пронашол, а тие дошле да го земат оружјето за неколку минути.
– Ми беше кажано дека таму ги оставил еден од безбедносните службеници на Садик Кан, што е логично бидејќи тој живее тука – додаде тој.
Полицијата ги потврди неговите наводи, како и фактот дека тоа било нивно оружје.
– Во оваа фаза, се верува дека торбата ја изгубиле полицајци на должност кратко пред граѓанинот да ја пронајде – соопшти Метрополитенската полиција.
„Ова е многу сериозен инцидент и е пријавен во Дирекцијата за професионални стандарди на Метрополитенската полиција. Сега мора да се преземат сите чекори за да се осигури дека ваков инцидент никогаш повеќе нема да се случи“, изјави портпаролот на градоначалникот.
The post ТЕШОК ИНЦИДЕНТ ПРЕД КУЌАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЛОНДОН! Пронајдена торба со ужасна содржина: Полицијата направила грешка, ова никогаш не требало да се случи appeared first on Во Центар.



