Опозициската СДСМ обвинува дека обвинителката Ленче Ристоска е тргната затоа што на власта и треба обвинител под нејзина контрола и дека новиот државен обвинител Ненад Савески ги исполнува делегираните задачи од премиерот Христијан Мицкоски.
– Савески и ги одзеде предметите „Талир 1“ и „Талир 2“ за нелегално партиско богатење, незаконски стекнат имот, незаконска Бела палата на ВМРО-ОКГ. Класична операција, по нарачка на Мицкоски за спас на криминалниот имот на ВМРО-ОКГ, најбогатата партија во Европа. Ете зошто на власта и требаше обивнител под нејзина контрола, за спас на криминалците во врвот на власта“, изјави Богданка Кузеска, портпаролката и член на Извршниот одбор на СДСМ Кузеска.
Според СДСМ, правдата во Македонија е целосно погребана.
Обвинителката Ленче Ристоска вчера поднесе оставка откако претходно и беа одземени овластувањата за судските предмети Талир 1 и Талир 2 што ги водеше против ВМРО-ДПМНЕ.
– Не гледам простор за работа согласно моите принципи, напиша меѓу другото Ристоска.
Државниот јавен обвинител, ваквиот негов потег го правдаше дека е од организациска природа, а не од лична природа.
– – Во принцип не сакам да коментирам лични одлуки, но сепак изразувам жалење за одлуката на колешката Ристоска. За ваквиот чин и од неа лично бев известен преку СМС порака по поднесување на оставката, а за причините за истата дознав од медиумите. Но, она што сакам да го истакнам е дека Јавното обвинителство останува без јавен обвинител од кој очекував дека со своето повеќегодишно драгоцено искуство ќе даде придонес кон зајакнување на капацитетите на оваа институција, особено со нејзината позиција како обвинител за врски со Европравда. Одлуката за отповикување на сите овластувања дадени од моите претходници не е персонална и во никој случај не е насочена кон работата на обвинителката Ристоска, напиша Савески


