Населението ќе старее, ќе има сè помалку млади. Неопходни се итни реформи во пензискиот фонд. Сето ова е нотирано во најновиот извештај на ревизорите за стареење на населението. Анализата покажува дека ќе расте бројот на лица од над 65 и над 80 години, но за, речиси, половина милион ќе се намали бројката на работоспособно население од 15 до 65 години, пишува Телма
„Демографските проекции за нашата држава се негативни односно учеството на лицата над 65 години ќе се искачи на над 34 % до 2055 година, бројот на лица над 80 години ќе се зголеми повеќе од шест пати во однос на состојбата во 2024 година, додека работоспособното население ќе се намали за речиси половина милион лица“, пишува во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР).
Ова значително ќе го зголеми притисокот врз пензискиот фонд кој низ годините се соочува со финансиски проблеми, па поради тоа постојано се прави дотур на пари од државниот буџет таму за да може да се исплаќаат пензии. Во извештајот на ревизорите се наведува дека, иако пензиите се исплаќаат навремено, тоа се постигнува со големи и растечки буџетски трансфери, но и со одложување на структурни реформи. Од ДЗР сметаат дека треба да има промени и во стапката на придонес и кај годините за одење во пензија.
„Без да се променат, сегашната утврдена стапка на придонес и години на пензионирање, учеството на средства од буџетот во сервисирање на обврските на првиот пензиски столб ќе се зголемува и во апсолутни бројки и како % на учество во БДП, достигнувајќи високи негативни 7,4% од БДП во 2057 година“, се наведува во извештајот.
…..
повеќе тука


