Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека соработката меѓу Русија и Иран е „докажана и континуирана“.
Европските сили ја обвинија Русија дека му помага на Иран да ги таргетира американските сили на Блискиот Исток во четврток, најавувајќи дека ќе го покренат прашањето со американскиот државен секретар Марко Рубио на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Франција, објави Ројтерс.
Двајца западни безбедносни извори и регионален функционер близок до Техеран изјавија дека Русија му обезбедува на Иран сателитски снимки и помага во надградбата на беспилотните летала моделирани според оние што ги користела Москва во војната во Украина.
Сепак, Русија ги негира обвинувањата дека споделува разузнавачки информации за американските воени цели на Блискиот Исток.
Сепак, европските дипломати најавуваат дека прашањето дополнително ќе се дискутира на денешните состаноци на Г7, со оценка дека конфликтите во Украина и Блискиот Исток се меѓусебно поврзани.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека соработката меѓу Русија и Иран е „докажана и континуирана“, додавајќи дека постојат причини да се верува дека Москва во моментов ги поддржува иранските активности, вклучително и оние насочени против американски цели.
Шефицата на дипломатијата на Европската Унија, Каја Калас, претходно вчера изјави дека постојат индикации дека Русија му обезбедува разузнавачка поддршка на Иран со цел да ги таргетира американските цели во регионот.
„Го покренуваме ова прашање бидејќи гледаме дека Русија му помага на Иран со разузнавачки информации за напади врз Американци“, изјави Калас за новинарите на состанокот на Г7 во близина на Париз.
Според неа, Русија го поддржува Иран и во развојот на беспилотни летала што се користат за напад врз соседните земји и американските воени бази.
Двајца западни безбедносни извори и регионален функционер близок до Техеран изјавија дека Русија му обезбедува на Иран сателитски снимки и помага во надградбата на беспилотните летала моделирани според оние што ги користела Москва во војната во Украина.
Сепак, Русија ги негира обвинувањата дека споделува разузнавачки информации за американските воени цели на Блискиот Исток.
Сепак, европските дипломати најавуваат дека прашањето дополнително ќе се дискутира на денешните состаноци на Г7, со оценка дека конфликтите во Украина и Блискиот Исток се меѓусебно поврзани.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека соработката меѓу Русија и Иран е „докажана и континуирана“, додавајќи дека постојат причини да се верува дека Москва во моментов ги поддржува иранските активности, вклучително и оние насочени против американски цели.
На дводневниот состанок ќе учествуваат министрите за надворешни работи на земјите од Г7 – Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Соединетите Американски Држави, со учество на Европската Унија.
The post Европа ја обвинува Русија за важно прашање во врска со Иран: Знаеме дека тие го прават тоа appeared first on Во Центар.



