Оваа болест е најопасна за луѓето кои се дебели, односно имаат многу масни наслаги во пределот на половината – таканаречени висцерални масти.
Замастен црн дроб или стеатоза е предизвикана од складирање на вишок маснотии во црниот дроб. Доколку не се внимава, вишокот маснотии може да доведе до посериозни заболувања на црниот дроб.
Оваа болест е најопасна за луѓето кои се дебели, односно имаат многу масни наслаги во пределот на половината – таканаречени висцерални масти. Исто така, оваа болест им се заканува на оние кои страдаат од висок крвен притисок, холестерол, постари од 50 години и пушачи.
Без здрав црн дроб, нема здрав организам, па затоа е исклучително важно да се грижиме за здравјето на овој витален орган, велат лекарите. Овој орган му помага на телото да се бори против инфекции, ги исфрла токсините, ја чисти крвта и игра клучна улога во метаболичките процеси. Кога црниот дроб е компромитиран, се компромитира и целокупното здравје. Постојат неколку сигнали што можат да укажуваат дека нешто не е во ред со црниот дроб.
Еден од симптомите е надуеност во стомакот што трае со денови, позната и како асцит.
„Зголемениот притисок во крвните садови околу црниот дроб може да предизвика насобирање течност во абдоменот“, објаснува д-р Менон, медицински директор на одделот за трансплантација на црн дроб во клиниката Кливленд.
„Доколку оваа состојба не се подобри во рок од една недела, би било добра идеја да се посети лекар за да се утврди дали отокот е директно поврзан со лоша состојба на црниот дроб. Ова е еден од најчестите први симптоми на замастен црн дроб што пациентите го пријавуваат“, вели тој.
„Други симптоми што можат да укажуваат на овој здравствен проблем вклучуваат болка во горната десна страна на стомакот, замор, слабост и ненадејно губење на тежината.“
The post ОВИЕ СИМПТОМИ УКАЖУВААТ ДЕКА ИМАТЕ ПРЕМНОГУ МАСТИ НА ЦРНИОТ ДРОБ appeared first on Во Центар.



