Министерство за правда: Досега само во 2018 година е поднесено едно барање за екстрадиција за Никола Груевски

„Досега е поднесено барање за екстрадиција за Никола Груевски, на 20 ноември 2018 година, како и дополнување на барањето во јуни 2019 година. Екстрадиција е побарана за сите случаи за кои имало информации дека се водат постапки пред судските органи на Република Македонија, односно за сите случаи за кои е издадена потерница“, соопшти Министерството за правда, по ажурирањето на прашањето за екстрадиција на Никола Груевски, кое дојде по резултатите од изборите во Унгарија.

„Република Унгарија го отфрли барањето за екстрадиција на 5.8.2019 година, со образложение дека на Никола Груевски му е доделен азил, согласно нивното законодавство, кое не дозволува екстрадиција на лице кое ужива таков статус во земјата од која избегало.“

„Министерството за правда постојано го следи случајот и презема сите мерки согласно законот за обезбедување на потребната документација. Утре ќе биде поднесено барање до надлежните судски органи и обвинителствата и ќе бидат побарани потребните документи за сите случаи поврзани со лицето Никола Груевски. Откако ќе ги добиеме потребните документи од надлежните органи, Министерството за правда ќе постапи согласно позитивните законски прописи“, велат од Министерството за правда.
The post Министерство за правда: Досега само во 2018 година е поднесено едно барање за екстрадиција за Никола Груевски appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: