Како да препознаете висок холестерол? Диететичар споделува три суптилни знаци

Високиот холестерол е еден од оние здравствени проблеми што честопати можат да останат незабележани долго време. Додека некои состојби се јавуваат со јасни и непосредни симптоми, покачените нивоа на холестерол честопати остануваат неоткриени – понекогаш со години – сè додека не доведат до посериозни последици. Затоа лекарите ја нагласуваат важноста на редовните крвни тестови, дури и ако се чувствуваме сосема добро.

„Високиот холестерол не е нешто што повеќето луѓе можат да го почувствуваат или видат без крвни тестови“, објаснува Мишел Рутенштајн, регистриран диететичар специјализиран за превентивна кардиологија, за „ШиФиндс“.

Таа додава: „Тоа е клучен фактор во формирањето на плаки во артериите. Ако не ја тестираме крвта, може да помине неоткриено, тивко формирајќи плаки во артериите и доведувајќи до срцев удар или мозочен удар, затоа не чекајте додека не „почувствувате висок холестерол“. Таа сподели три знаци кои укажуваат дека вашиот холестерол е превисок.

Жолти наслаги на очните капаци

Еден од најпрепознатливите физички знаци на долгорочен висок холестерол се жолтеникавите наслаги на или околу очите, познати како ксантелазма. Тие се предизвикани од насобирање холестерол под кожата.

,,Холестеролот може да се насобере под кожата и да се појави како меки жолти наслаги на очните капаци“, вели Рутенштајн.

Иако тие обично не се болни, тие можат да бидат знак дека нивото на холестерол е покачено подолго време.

Сивкаст или бел прстен околу окото

Друг можен знак е бледо сив или бел прстен околу ирисот, познат како arcus corneae. Според Рутенштајн, натрупувањето на холестерол може да се манифестира „како бледо сив или бел прстен околу обоениот дел од окото“. Кај постарите луѓе, ова може да биде нормален дел од стареењето, но кај помладите луѓе, може да укажува на покачени нивоа на холестерол кои треба да се проверат.

Тврди грутки на зглобовите или тетивите

Наслагите од холестерол можат да се појават и како мали, цврсти грутки на одредени делови од телото, особено на зглобовите или по должината на тетивите како што е Ахиловата тетива. Рутенштајн истакнува дека тие можат да се појават „како мали, цврсти грутки над зглобовите и по должината на Ахиловата тетива“. Овие промени, познати како ксантоми, се исто така знак на долгорочен висок холестерол и може да бараат медицинска евалуација.

Иако овие видливи знаци можат да се појават, тие се релативно ретки. „Видливите знаци на висок холестерол обично се јавуваат само кај луѓе кои имаат многу високо ниво на холестерол со години“, нагласува Рутенштајн.

Затоа не треба да се потпирате само на симптомите – редовните прегледи се најсигурниот начин за рано откривање на проблемите и преземање чекори за заштита на здравјето на вашето срце. Важно е да се запомни дека исхраната здрава за срцето може да има големо влијание.
The post Како да препознаете висок холестерол? Диететичар споделува три суптилни знаци appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: