Доналд Трамп: Блокадата на иранските пристаништа останува на сила до конечниот договор, но повеќето точки се договорени

Откако беше објавено дека Иран го отворил Ормутскиот теснец за сообраќај, во ново соопштение Доналд Трамп изјави дека блокадата на иранските пристаништа останува на сила, но дека конечниот договор е многу блиску.

„Ормутскиот теснец е целосно отворен и подготвен за работа и целосен премин, но поморската блокада ќе остане во полна сила и ефект против Иран, само додека нашата трансакција со Иран не биде 100% завршена. Овој процес треба да оди многу брзо бидејќи повеќето точки веќе се договорени. Ви благодарам за вашето внимание по ова прашање! Претседателе Доналд Џ. Трамп“, напиша Трамп во објавата.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека Иран го отвора Ормускиот теснец за време на траењето на прекинот на огнот со САД, откако во Либан беше договорено прекин на огнот. Отворањето на Ормускиот теснец беше дел од првичниот договор.

Доналд Трамп објави дека Ормутскиот теснец е целосно отворен за сообраќај, а во објавата го нарече „ирански премин“.

Најавата за отворањето автоматски доведе до пад од 10 проценти на цената на нафтата на светските берзи.
The post Доналд Трамп: Блокадата на иранските пристаништа останува на сила до конечниот договор, но повеќето точки се договорени appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: