среда, 11 ноември 2026
Најново

Беџети- Тие што мислат дека ќе владеат со контрола и страв им порачувам- НЕ ВРЕДИ!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пратеникот од ДУИ екс градонашалник на општина Сарај ја искоментира денешната кривична пријава што му ја поднесе МВР за како што утврдиле злоупотреба на службената функција од времето кога бил прв човек на општината.  Реакцијата на Беџети објавена на неговиот фб профил ја пренесуваме интегрално.

Вчера Мицкоски имал „чувство“ дека ќе има кривични пријави.
Денес, Министерството за внатрешни работи го реализира тоа „чувство“.
Случајност? Не.
Ова е чист политички притисок.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Кога пријавите се најавуваат од политиката, а се реализираат од институциите, тогаш имаме сериозен проблем со начинот на кој функционира државата.
Но нека им биде јасно: јас не запирам. Не се уценувам. Не се повлекувам.
Ова се обиди да се замолчи политичкиот глас кој не прифаќа да се потчини.

Но тоа само ја зајакнува мојата убеденост дека оваа битка е исправна.
Визијата за враќање на достоинството на Албанците не е реторика. Тоа е мисија.
И мисиите не запираат со вакви притисоци

За тие што денес мислат дека можат да градат власт преку контрола и страв: Ви порачувам – НЕ ВРЕДИ!

Историјата покажа дека вазалите никогаш не стануваат политички фактор.
Вистината не запира. Само доцни, но доаѓа и победува!

Поврзани вести