Морничаво откритие! Тела на 50 бебиња пронајдени на гробишта, никој не го знае нивното потекло

Телата на 50 бебиња од непознато потекло беа откриени на гробишта во Тринидад и Тобаго .

Заедно со бебињата, пронајдени се и останки на шест возрасни лица, за кои постои сомневање дека се нелегално погребани, објави во саботата полицијата на оваа карипска земја. По откривањето на 56 тела на гробишта во градот Кумуто на островот Тринидад, започната е итна истрага.

Според првичните информации, можно е да станува збор за „нелегално отстранување“ на тело кое не го побарал ниту еден од членовите на семејството.

Кумуто се наоѓа на околу 40 километри од Порт оф Спејн, главниот град на Тринидад и Тобаго.
The post Морничаво откритие! Тела на 50 бебиња пронајдени на гробишта, никој не го знае нивното потекло appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: