Ким повторно направи опасен потег; лансираше кратки ракети

Северна Кореја лансираше повеќе балистички ракети со краток дострел кон Источното Море, соопшти денес јужнокорејската војска.

Началниците на Здружениот генералштаб на јужнокорејската армија објавија дека откриените ракети биле лансирани од областа Синфо на северот од Северна Кореја околу 6:10 часот наутро и дека прелетале околу 140 километри, пренесува агенцијата Јохап.

„Нашата војска внимателно ги следи различните активности на Северна Кореја во рамките на силниот заеднички одбранбен сојуз меѓу Јужна Кореја и САД и ја одржува способноста и ставот да одговори на секоја провокација на огромен начин “, соопшти јужнокорејската војска.

Јужнокорејските и американските разузнавачки служби ги следеле активностите поврзани со лансирањето на севернокорејските ракети и споделиле релевантни информации со јапонската страна, се додава во соопштението.

Јужнокорејската војска наводно истражува дали најновите ракетни тестови вклучувале балистички ракети со краток дострел лансирани од севернокорејски подморници.

Да потсетиме дека пред последното лансирање, Северна Кореја испали балистичка ракета на 14 март, а претходни тестови беа евидентирани на 27 јануари и 4 јануари.
The post Ким повторно направи опасен потег; лансираше кратки ракети appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: