Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, но нема да правиме компромис со нашиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски, на свеченоста по повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, рече дека македонскиот народ, заедно со Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите и Бошњаците, биле на вистинската страна од историјата во Втората светска војна.

Тој нагласи дека борбата на тогашните генерации не била само против окупацијата, туку и за слобода, јазик, идентитет и иднина.

„Тие не се бореа само против окупаторот. Тие се бореа за правото на човекот да живее слободно, да го зборува својот јазик, да го задржи своето име и да верува во иднината“, рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека слободата е резултат на жртва и одговорност, а не дар, додавајќи дека нема да дозволи релативизирање на историската вистина за антифашистичката војна.

„Нашите предци беа на вистинската страна од историјата. И јас, како човек со мандат, нема да молчам кога станува збор за вистината за нашата борба“, рече тој.
The post Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, но нема да правиме компромис со нашиот идентитет appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: