Филипче: Сѐ што кажува премиерот е само изговор, ние бевме АНТИфашисти, а тие тогаш соработуваа со фашистоте

Ќе извојуваме нова победа над фашизмот — победа над ВМРО-ОКГ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска по повод 9 Мај – Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, порача дека Македонија повторно се соочува со политики на изолација, лаги и пропаганда, зад кои стои ВМРО организираната криминална група.
Филипче истакна дека СДСМ своите корени ги влече од антифашистичката борба, додека ВМРО соработуваше со фашистите а денес користи методи на пропаганда и манипулација.
„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги влече своите корени во антифашистичката борба преку борбата на партизаните, дадените животи, изградбата на државата.  ВМРО соработуваше со фашистите и сега користи гебелсови методи за комуникација, ширење лажни вести, оцрнување луѓе, идентификување на лажни внатрешни предавници и надворешни непријатели“. рече Филипче.
Во таа насока, тој порача дека Македонија ќе извојува нова победа над политиките на изолација и криминал, нова победа над фашизмот а тоа е победа над ВМРО-ОКГ.
„Очигледно е дека се отвара простор, дека ќе извојуваме уште една победа над фашизмот, а во нашите услови тоа е победа врз ВМРО организираната криминална група којашто не ја сака Европа, којашто сака да не држи изолирани и сиромашни“, порача денеска на денот на Европа лидерот на опозицијата Венко Филипче
   – Денот на Европа упати критки до власта дека ја држи државата изолирана од Европа и посочи дека треба да се направат уставни измени за да почнат преговорите за членство во Европската унија.

-Денес го славиме Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. И на Денот на Европа можевме да имаме многу повеќе причини да славиме, еве, например, како Црна Гора, која што води напред, која што ги затвора поглавијата, преговорите и која што догодина ќе стане земја членка на Европската Унија. За жал, нѐ води организирана криминална група на чело со Христијан Мицкоски. Која што сака земјава да биде во изолација, да биде слепо црево во Европа, да нема реформи, да нема европско правосудство, да нема европски судии и обвинители, да нема богати и среќни граѓани – рече Филипче, во изјава на настанот пред Владата повод 9 Мај – Денот на Европа.

Прашан за коментар на говорот на премиерот Христијан Мицкоски кој упати порака и за обединување  го повтори ставот дека според него „треба да се направат уставните измени“.
-Сѐ што кажува премиерот е само изговор. Се знае што треба да се направи за да се почне со преговорите. Треба да се направат уставните измени. Што е за него обединувањето? Да му дадеме поддршка да не ги прави? За да може да продолжат да крадат? Не, тоа нема да се случи. Затоа што ќе се случи Европа кога ние ќе дојдеме на власт по следните избори и сите ќе одговараат – рече Филипче на новинарско прашање,  наведувајќи дека на Денот на Европа, „Христијан Мицкоски треба да биде персона нон грата.

The post Филипче: Сѐ што кажува премиерот е само изговор, ние бевме АНТИфашисти, а тие тогаш соработуваа со фашистоте appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: