Само неправда. Во Кочани уште еден, 42.Марш за ангелите

  Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 42. Марш на ангелите и денеска протестно се движеа низ улиците во Кочани, почнувајќи од Паркот на Револуцијата и завршувајќи кај зградата на Основното јавно обвинителство во Кочани.

На одговорните во институциите им се обратија во три наврати, и гласно прашаа каде е  одговорноста  за полициските службеници, кои таа ноќ не интервенирале кога се запалила пиротехниката, како и при евакауцијата на нивните деца од дискотеката.
-Што точно правеле службените лица во тие клучни моменти? Тие немо стоеле и ги блокирале вратите на единствениот влез-излез и кога увиделе дека пожарот се шири, први кукавички бегаат да спасат глава. Ова е институционален пораз во најкритичниот момент затоа денес прашуваме: дали ова е систем подготвен да штити граѓани — или систем што целосно потфрлил во најважниот момент? Затоа што во тие минути не се мерела само професионалноста. Се мерела човечноста. Се мерела одговорноста. Се мерело дали униформата значи заштита — или само функција без тежина кога е најпотребно. Но затоа совршено функционирале: молкот, замижувањето, меѓусебното штитење, и чувството дека никој никогаш нема да одговара. Години наназад системот не гледал ништо- рече Розета Блажева во говорот на семејствата на загинатите млади луѓе.
Семејствата на 63 жртви во пожарот во дискотека „Пулс“ во Кочани на 42.Марш на ангелите порачаа дека денес не ја прашуваат Европа каде се нејзините вредности, туку нашата држава.КАде е правдата и владење на правото.
– Како точно планирате да стигнете до Европа, ако со години не успевате да стигнете ни до сопствената одговорност?
Пред зградата на Основното јавно обвинителство семејствата му се обратија на премиерот и на министерот за внатрешни работи, порачувајќи им дека досега нивното ветувањето „И брат да ни е – ќе одговара не се реализира за нив како семејства, туку како што рекоа досега имаат само неправда .

The post Само неправда. Во Кочани уште еден, 42.Марш за ангелите appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: