Германските аеродроми предупредуваат: Поради цената на керозинот ќе има поскапи билети и откажани летови

Доколку цените на керозинот останат високи, германските аеродроми очекуваат во летниот период  да има откажувања на летови што би можеле да погодат милиони патници, а некои аеродроми стравуваат од пад на капацитетот за десет проценти.

Како што пренесува „Дојче Веле“ директорот на Здружението на германските комерцијални аеродроми (АДВ) Ралф Бајзел, изјавил за весникот „Велт ам Зонтаг“ дека со тоа би биле засегнати 20 милиони патници.

Постои страв дека особено кај нискобуџетните авиокомпании и туристички помалку важните дестинации ќе има дополнителни укинувања на летови…Некои дестинации тогаш воопшто нема да се опслужуваат, а други ќе се посетуваат поретко и со повисоки цени, изјави директорот на АДВ.

Поради војната во Иран, пораснаа и цените на керозинот, кои  повеќе од два месеца се двојно повисоки отколку пред војната. Бајзел не очекува нормализација ни во наредните месеци.

Пронајдете не на следниве мрежи: