петок, 27 ноември 2026
Најново

Израел изградил тајна база во ирачка пустина без да добие дозвола од Багдад

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Израел изградил тајна воена база во западната пустина на Ирак пред почетокот на војната со Иран и ги нападна ирачките сили кои речиси ја открија базата, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на разузнавачки извори.

Според американскиот весник, тајната база е изградена непосредно пред почетокот на војната во Иран и со поддршка на Соединетите Американски Држави. Ја користеле израелските специјални сили и како база за спасувачки екипи во случај израелските авиони и пилоти да бидат соборени за време на операциите над Иран.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Волстрит џурнал“ наведува дека базата била речиси откриена на почетокот на војната во март, кога локален овчар пријавил невообичаена активност на хеликоптери во областа. Ирачката армија ги испратила своите сили да ја испитаат пријавата.

Израел наводно ги нападнал Ирачаните од воздух за да ги спречи да стигнат до базата, се вели во текстот. Ирак го осуди нападот во кој еден војник беше убиен, а двајца други беа ранети.

„Волстрит џурнал“ наведува дека базата му помогнала на Израел да започне стотици воздушни напади против Иран, кои започна на 28 февруари со заеднички напади на САД и Израел врз Иран.

Поврзани вести