Владимир Путин вели дека крајот на војната во Украина е близу

Рускиот претседател Владимир Путин им изјави на новинарите дека верува оти војната во Украина завршува и дека е подготвен да преговара за нови безбедносни аранжмани.

Путин се обрати до јавноста во Русија по парадата за Денот на победата, а новинарите го прашаа и за примирјето што го објави американскиот претседател Доналд Трамп.

„Никогаш не бевме затворени за преговори. Западот вети дека ќе помогне, а потоа почна да поттикнува конфликт со Русија кој продолжува до ден-денес. Мислам дека таа работа се ближи кон крајот“, рече Путин.

Инаку, Русија и Украина се во тридневно примирје по повод Денот на победата, кое вчера го објави американскиот претседател.

„Со задоволство објавувам дека ќе има тридневно примирје (9, 10 и 11 мај) во војната меѓу Русија и Украина. Комеморацијата во Русија е на Денот на победата, но и во Украина, бидејќи тие беа голем дел и важен фактор во Втората светска војна“, напиша Трамп.

Како што изјави тој, ова примирје ќе вклучува прекин на сите борбени активности, како и размена на 1.000 затвореници од секоја земја.

Веќе некое време се прават напори руската и украинската делегација да се соберат за да постигнат договор за прекин на војната. Сепак, Русија не се откажа од своите максималистички барања.

Најновата порака на Путин, која сугерира дека тој самиот верува дека војната се ближи кон крајот, би можела да сигнализира нови обиди за преговори со надеж дека тие конечно ќе успеат и ќе донесат мир во Источна Европа. Тој исто така рече дека е подготвен да преговара за нови безбедносни аранжмани за Европа и дека негов претпочитан партнер би бил поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.
The post Владимир Путин вели дека крајот на војната во Украина е близу appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: