Поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски тврди дека Општина Карпош се обидела да ја излаже јавноста дека градоначалникот Сотир Лукровски не поднел оставка, туку дека бил на боледување.
Ако е така, како што вели, тогаш тој бара Општината да објасни зошто побарале од Централниот регистар Лукровски, градоначалник избран на локалните избори на 2 ноември, да биде избришан како одговорно лице во Општина Карпош, а на негово место да биде впишан заменикот Крстевски, што било одбиено од Централен регистар.
Јакимовски исто така ги прашува општинарите зошто во Трезор испратиле потписно картонче само со потпис на овластениот заменик, а без потписот на градоначалникот кој го дава овластувањето, ако Лукровски е привремено отсутен. И конечно, прашува, зошто шоферот на градоначалникот дошол да го раздолжи службеното возило со кое го возел Лукровски, како и другите предмети што ги користел?
Ова не е боледување. Ова е бегство од Карпош. Ова е незаконско купување време. Оставката на Сотир Лукровски се најавува повеќе од четири месеци. Со тоа, според нашите информации, бил запознаен и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Отворањето боледување и назначувањето заменик не е решение. Тоа е обид формално да фигурира боледување, а фактички да се подготвува заминување, вели Јакимовски.
Според поранешниот градоначалник на Карпош вистината е едноставна „ВМРО-ДПМНЕ ја заглави Општина Карпош и сега се обидува со лаги, правни акробации и партиски маневри да го покрие срамот“.
The post Општина Карпош побарала Лукровски да се избрише од Централен регистар, а да се запише Крстевски, тврди Јакимовски appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



