При претрес на затвореник во Идризово најдена грутчеста материја

Полицијата добила пријава од затворот Идризово дека кај затвореник била најдена и одземена грутчеста материја.

„На 09.05.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека во 15:30 часот бил извршен претрес врз осуденикот В.Ф.(42) од с.Студеничани, скопско, при што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

Пронајдете не на следниве мрежи: