Седум странски државјанки работеле како танчерки во ноќен клуб во Охрид

Во ноќен клуб во Охрид пронајдени се седум странски државјанки кои работеле како танчерки.

Четири од нив се од Русија, една од Бугарија, една од Казакстан и една од Србија.

Контролата на ноќниот клуб на булеварот „Железничка“ е спроведена ноќеска.

– На 10.05.2026, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад во ноќен клуб на булевар „Железничка“ во Охрид ги приведоа А.Г.(28), М.Р.(26), А.Б.(29), А.С.(28), државјанки на Русија, П.П.(31) од Бугарија, А.Л.(31) од Казахстан и А.Р.(42) од Србија. При извршена контрола во ноќниот клуб, странските државјанки биле затекнати како нелегално работат како танчерки, по што се приведени, информира Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање против нив ќе бидат поднесени пријави по член 217 од Законот за странци.

The post Седум странски државјанки работеле како танчерки во ноќен клуб во Охрид appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: