Скопјанка лабаво „се шета“ со колата низ скопскиот Градски парк, во недела, за викенд кога паркот е преполн со деца кои трчаат низ паркот, родители со мали деца во колички и велосипедисти.
На видеото на „Слободен печат“ се гледа како автомобилот се разминува со пешаци, родител со дете седнат на клупа и друг родител со детска количка. Возењето автомобил не само што е непримерно, туку е и законски забрането и се санкционира.
Видео: СЛОБОДЕН ПЕЧАТ



