Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, го посети селото Каламас во општина Пустец, каде што учествуваше на откривањето на споменик посветен на македонските херои од Втората светска војна.
За време на комеморативната церемонија, Мицкоски изјави дека споменикот претставува „сведоштво за историјата, жртвата и храброста“ на оние кои, според него, ја бранеле слободата и идентитетот на Македонија за време на Втората светска војна. Тој нагласи дека паднатите „не се поколебале и не се откажале од својот народ“ во најтешките денови од војната.
„Не сме собрани само пред споменик, туку пред сеќавање кое не може да се избрише, бидејќи е напишано со жртва, храброст и љубов кон Македонија“, рече Мицкоски.
Мицкоски ја пофали и Македонската заедница во Албанија, која ја опиша како неразделен дел од Македонското национално стебло и воедно лојални граѓани на Албанската држава.
Во својот говор во Каламас, тој се фокусираше и на важноста од зачувување на македонскиот национален идентитет, јазик и култура, нагласувајќи дека македонскиот народ успеал да го одржи својот континуитет и покрај историските предизвици, притоа велејќи дека политичките поделби не треба да го попречуваат националниот интерес и иднината на помладите генерации.
Само обединети можеме да бидеме силни и да го обезбедиме напредокот на земјата“, рече Мицкоски.
Церемонијата заврши со оддавање почит на загинатите и пораки за зачувување на историското сеќавање, националните вредности и единството.
The post Мицкоски го посети Пустец: Помладите генерации не треба да ја плаќаат цената на политичките поделби appeared first on Во Центар.



