Денес ќе бидат познати имињата на кандидатите за член на Државната комисија за спречување на корупцијата што како предлог ќе бидат доставени до Собранието. Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата треба да ги соопшти предлозите.
Од направените интервјуа, прворангирана е Катерина Зајковска, а по неа се Милка Муратовска, Тања Левајковиќ и Владимир Клековски.
Оној што ќе биде избран за член на Антикорупциската комисија ќе дојде на местото на Цвета Ристовска која си поднесе оставка од функцијата по случајот со финансирњето на партиите на претседателките извори на кои работеле фирмите на нејзините деца.



